Поставени контејнери за стакло на неколку локации во Кочани

На три локации во централното градско подрачје, во Трговскиот центар, кај Стари парк и на Градскиот плоштад, Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ постави контејнери за стакло.

„Водовод“ соопшти дека покрај на овие, определени се уште десет локации каде што граѓаните наскоро ќе можат да го одлагаат скалениот отпад: во Стришани,  кај зградите на улиците „Охридска“ и на „Скопска“, во Валог, кај Монополските и Атомските згради, кај  новите згради до Поштата, во Касарски круг, кај Ветеринарната станица и кај Автобускатастаница.

– Контејнерите за стакло ги обезбедивме со договор на КЈП „Водовод“ и Пакомак. Очекуваме граѓаните совесно да ги употребуваат, да градат култура за селекција на отпадот, којашто е примарна во третманот и управувањето со отпад – соопшти Андреј Киров, директор на „Водовод“.

Според најавите, Општина Кочани веќеправи анализии усогласувања на потребната урбанистичка документација и е подготвена да финансира поставување подземни контејнери за селектиран отпад на неколку локации во градот.

Со тоа се очекува наскоро повеќе да се подобри комуналната хигиена, функционалноста на јавно-прометните провршини и естетскиот изглед на градот.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial