На дрворедот во централното градско подрачје се поставени изработки со стихови поезија.
Целта на овие стихови е популаризација на поезија исклучиво од македонски поети – познати и помалку познати поетски имиња, доајени и ововремени писатели.
Ефектите се во корист на придвижување на поезијата побликсу до граѓаните во услови на пандемија преку непосреден и помалку активен однос кон културата во градот и настаните воопшто.
Чувајте се и читајте поезија наместо вести, чувајте ја средината чиста и здрава, бидете одговорни кон другите и себеси.
Проектот е финансиран од Општина Кочани.
Носител – Ивана Атанасова
Сподели: