Деновиве ЈП „Национални шуми“ со поддршка на Македонското еколошко друштво (МЕД) во соработка со Заштитеното подрачје „Осоговски Планини“ на Пониква ги промовираше поставените информативни табли за посетителите.
Таблите имаат информативен карактер и содржат општи податоци за заштитеното подрачје, неговата геолошка и биолошка разновидност како и интересни податоци и факти за туристичката понуда во регионот.
Туристичките информативни табли се изработени во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија.
Програмата за зачувување на природата во Македонија е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), која има за цел да и помогне на Македонија во зачувување на големата биолошка разновидност и природните екосистеми преку промоција на нивното одржливо користење и управување.