Градоначаликот на Општина Зрновци, Борчо Коцев денеска ги потпиша договорите за стипендирање на 18 ученици и студенти за учебната 2022/2023 год. во вкупен износ од 333 илјади денари.
-Денес ги потпишав договорите за користење на вкупно 18 стипендии согласно Правилникот за доделување на стипендии по три основи за учебната 2022/2023 година, новозапишани редовни студенти во прва година на државните универзитети во Република Македонија, ученици на самохрани родители и ученици на невработени родители. За исплата на истите општина Зрновци од сопствен буџет ќе обезбеди 333 000 денари – истакна градоначалникот Коцев.