Потпишани договорите за стипендирање на 26 студенти од Кочани

Студентите од јавните високошколски установи во нашата држава, што ќе користат стипендии за студиската 2019/20 година, ги потпишаа договорите со Општина Кочани.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев им посака успех во натамошното школување посочувајќи ја нивната важност како образовани кадри, подготвени за пазарот на трудот.

Оваа година бројот на стипендистите е речиси удвоен во споредба со претходните години, што се должина подобреното планирање на периодот на распишување на конкурсот. Тоа пак, придонесе за поефикасно  искористување на буџетските средства по основна студентски стипендии, планирани со Програмата за поддршка на образованието.

  • „Јас сум корисник на општинската стипендија по вторпат и искрено сакам да се заблагодарам на градоначалникот и комисијата задолжена за доделување на студентски стипеднии, бидејки оваа финансиска поддршка  значи многу, особено за студентите на кои секој денар им е скапоцен“. – изјави Надица Николовска корисник на општинска стипеднија, студент на Филизофскиот факултет при Универзитетот „ Свети Кирил и Методиј“ Скопје.

Стипендиите и годинава се распределуваа во четири категории – за студенти со висок успех во студирањето, студенти на факултетите за медицински науки, студенти од социјално загрозени семејства и од ромската етничка заедница.

Месечниот износ е 3 илјади денари по студент, за период од десет месеци.

Сподели: