Денес го потпишавме договорот со избраниот економскиот оператор за реализација на проект “Изградба на прочистителна станица за комунални и отпадни води со финансиска конструкција од 1 941 000 денари.
Со воведување во работа започнуваме веднаш по намалување на температурите, наредните денови. Со реализација на овој проект директно ја заштитуваме животната средина и решаваме горчлив проблем на жителите и посетителите во Видовиште.
Со изградбата на новиот цевковод и каптажа за постојано водоснабдување во Видовиште кој што е во завршна фаза, потпишаниот денешен договор за прочистителна станица, во месец Септември следува потпишување на договор за изградба на Локален пат Оризови гумна- Друмот во висина од околу 5, 5 милиони денари, со што практично во една година ги реализираме трите клучни барања на жителите во ова село, кои што се од витално значање.
Општина Зрновци