Потпишан меморандум за збратимување на „Гошо Викентиев“ и „Чанаккале Колеџ“ од Р. Турција

Директоро на СОУ,,Гошо Викентиев”- Кочани Спирко Златков заедно со својот менаџерски тим беше на четири дневена посета во Чанаккале Република Турција.


Целта на оваа официална посета беше збратимување на училиштата СОУ,,Гошо Викентиев”-Кочани и Чанаккале Колеџи”-Чанаккале, Република Турција.

Целта на протоколот е организација на програма за размена меѓу училиштата и реализација на технолошки и културни проекти со ученици и наставници.Протоколот опфаќа и социални и академски проекти како и меѓузаемни посети.

Со меѓусебна соработка и обука за технолошка едукација ,,Чанаккале Колеџи” ќе има активна улога во обуќи за изработка на беспилотни летала, електрични возила, раќети а СОУ,,Гошо Викентиев” ќе има активна улога за организирање на обуќи и подготовки за меѓународниот технолошќи фестивал ,, Техно Фест” во Република Турција.

Протоколот за збратимување и заедничка соработка е потпишан од страна на директорите на двете училишта Спирко Златков и Ајнур Имре.

Нашето училиште ќе биде домаќин на првата заедничка средба помеѓу учениците и професорите од двете училишта во Ноември .

СОУ,,Гошо Викентиев”

Сподели: