Невремето што минатата недела го зафати Кочани предизвика проблеми на неколку локации во Кочани и околните населени места.
Три фамилии кои живеат во куќа на улицата „Гроздан Трифунов“ во Кочани се загрижени за својата безбедност, бидејки потопорниот ѕид на улицата, по обилните врнежи од дожд целосно е уништен. Стравуваат дека доколу се повтори слично невреме како од пред некој ден, нивниот дом ќе се сруши со што тие ќе останат без покрив на главата. Воедно, поради срушениот ѕид тие имаат потешкотии во пристапот до својот дом, а наносите од земја и цемент го попречуваат движењето на улицата.
За проблемот реагирале до надлежните служби во Општина Кочани, а оттаму добиле ветување дека за скоро време проблемот ќе биде решен.
Жителите на улицата „Гроздан Трифунов“ апелираат надлежните што поскоро да го санираат потпорниот ѕид , бидејки новонастанатата ситуација е опасност за сите кои живеат или ја користат улицата за да стигнат до своите домови.
Обилното невреме што го зафати Кочани предизвика големи штети, особено по имотите на жителите на рамничарските села во општината.
Општина Кочани апелираше до засегнатите лица да ги пријават настанатите штети , се со цел обештетување на штетите предизвикани од поројните дождови.
И.Матеничарски