Почина четиримесечно бебе во Кочани

Почина четиримесечно бебе во Општата болница во Кочани.

Во писменото соопштение од СВР-Штип се вели  вчера 02.04.2020 во 15.55 часот во Полициската станица Кочани, од Јавната здравствена установа во Кочани било пријавено дека околу 15.10 часот за укажување на лекарска помош од страна на родителите било донесено дете на возраст од околу четири месеци.

Околу 16.00 часот, и покрај укажаната лекарска помош, детето починало.

По наредба на ОЈО била извршена обдукција, а  потоа телото било предадено на родителите.