Почна асфалтирањето на патот Кочани – Мојанци

Почна асфалтирањето на локалниот патен правец од Кочани до Мојанци, поради што во шестчасовен прекин беше сообраќајот на патот од преминот преку железничката пруга, пред селото Подлог до мостот на влезот во Подлог.

–За реконструкцијата на патниот правец од Кочани до селото Мојанци добивме средства од Швајцарската агенција за развој и соработка. Патот кој поврзува три рамничарски села – ГрониПодлог, Долни Подлог и Мојанци, ќе биде проширен од сегашните 3,5 на 4,5 м и одедната страна кадешто има услови ќе има и тротоарод 1,5 метар. По завршувањето на реконструкцијата тој ќе биде целосно осветлен, што значи дека ќе биде уба впример како сите наши села треба да бидат поврзани со административниот центар, во овој случај Кочани.  – соопшти градоначалникот Николчо Илијев.

Според најавите на изведувачот, градежната фирма „Стоименов“, во наредните денови  асфалтирањето ќе продолжи од влезот на Мојанци кон Горни Подлог.

Доцнењето на изведбата на колекторскиот систем од проектот за изградба на Пречистителната станица за отпадни води во близината на селото Мојанци, кој на две места преминува преку патниот правец од Кочани до Мојанци, ја одложи реконструкцијата на овој локален пат, која деновиве влегува во својата завршница.

Сподели: