Почна наводнителната сезона во Кочанско

Водостопанската подружница „Брегалница“ – Кочани денеска  ја пушти водата во каналите на хидросистемот со што официјално ја почна овогодинешната наводнителна  сезона на оризот во Кочанско.

Годинава од хидросистемот ќе се наводнуваат  околу 4 700 хектар со ориз, што значи дека има зголемување на земјоделските површините засеани со ориз  за разлика од минатата година.

Први вода добија земјоделците од атарите на селата Грдовци и Мојанци, а како што рече директорот на Водостопанство „Брегалница“ според планот за наводнување сите земјоделци ќе добијат вода навреме.

  • Во моментот имаме акумулирано задоволително количество на вода во браната Калиманци која е на околу 110 милиони метри кубни и се надеваме дека до пуштањето на левиот и десен магистрален канал браната ќе достигне максимална кота и ќе биде на прелив. Каналите во најголем дел се исчистени. Работиме уште на неколку критични места во село Облешево со што целиот каналски систем ќе биде исчистен, истакна Дени Митров, директорт на Водостопанство „Брегалница“ – Кочани.

На официјалниот старт на наводнителната сезона во Кочанско присустуваше и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски кој најави мерка за финансиска поддршка на оризопрроизводителите за набавка на комбајн за ориз со сецкалица.

  • Од денеска до 15-ти мај  сите оризопроизводители кои имаат минимум 1 хектар под ориз ќе можат да аплицираат за набавка на комбајн за ориз со сецкалица. Право на аплицирање имаат сите земјоделци кои се впишани во Единтвениот регистар на земјоделски стопанства, сите трговци поединци и трговски друштва како и земјоделски задруги. Вкупната прифатлива сума по корисник е 3.5 милиони денари, а поддршката се исплаќа по принцип на кофинансирање во висина од 50 отсто од вредноста на направените трошоци, рече Никица Бачовски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Средствата се доделуваат за периодот на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.Сите заинтересирани оризопроизводители апликации треба да ги поднесат електронски со регистрација на веб-страницата, e-baranje.ipardpa.gov.mk.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: