Почна наставата од второто полугодие

По повод почетокот на второто полугодие од учебната 2020/21 година,градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев го посети Подрачното училиште „Никола Карев“ во селото Тркање, каде со физичко присуство се учениците од одделенска настава.

Илијев истакна дека во сите училишта во Кочани се обезбедени потребните услови за реализација на наставата и дека таа секаде е започната, на начин определен од Министерството за образование и наука, според моделот од првото полугодие, што е во интерес и на наставниците и на учениците за зачувување на јавното здравје.

Во училиштето во Тркање неодамна заврши подновувањето на подот во сите училниции обновувањето на реквизитите од училишниот двор.

Претходно беше извршена заменана прозорците и печките за огрев, а реновирано, оградено и подготвено за употреба е и повеќенаменското игралиште коешто се наоѓа во школскиот двор.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial