Почна одбежувањето на 7 Септември – денот на ослободувањето на Кочани

По повод 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кочани и 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, делегација составена од градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и членови на Советот, од Сојузот на Здружението на борците од НОВ, како и партиски делегации положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче во Паркот на Револуцијата.

По тој повод, градоначалникот на Општина Кочани упати честитка кон граѓаните во која се вели:

„Почитувани сограѓани,

7 и 8 Септември – ослободувањето на Кочани и независноста на државата – се два големи датума за историјата на Кочани и на Македонија. Денес е денот кога се навршуваат 80 години од ослободувањето на градот Кочани, ден за да се заблагодариме на луѓето заслужни за денешната слобода која ја уживаме и се потсетиме на нашата обврска да ги чуваме и градиме општината и државата, да создаваме услови за квалитетен живот на идните генерации.

Нека ни се честити празниците, 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кочани и 8 Септември, Денот на независна Македонија!“

Денеска беше одржана и Свечената седница во Мултикултурниот центар.

Сподели: