Почна одбележувањето на 7 Септември – Денот на ослободувањето на Кочани

Со полагање свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на спомен-бистите на ЉупчоСантов и Раде Кратовче во Паркот на Револуцијата започна одбележувањето на 76годишнината од ослободувањето на Кочани.

По повод празникот на Кочани, вечерва, во 19 ч., на Споменикот на слободата, Советотна Општина Кочани ќе ја одржи свечената седница на која, на овогодишните добитници – Наталија Теодосиева и Васил Ангелов, ќе им бидат доделени највисокитеопштински награди – за значајни оствaрувања и за животно дело.

Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, во празничното обраќање предприсутните ќе направи пресек на реализираните проекти во периодот меѓу дватапразника.

На седницата ќе им бидат врачени благодарници за поддршка во реализацијата напроекти во Кочани, а учениците на генерацијата ќе ги примаат традиционалнитенагради од градоначалникот.

По завршувањето на свечената седница, со монодрамата „Лидија, или сѐ што знам зажените“ на Тихомир Јанчовски, ќе започне 57. Драмски аматерски фестивал, чии содржини ќе бидат распоредени до средината на октомври.

Сподели: