Почна реконструкцијата на седум улици во градот Кочани

Почна реконструкцијата на седум улици во Кочани, чии делови се наоѓаат во лоша состојба.

Градежните работи забрзано се одвиваат на улицата „Четврта македонска бригада“, каде покрај новиот асфалт во должина од 260 м, ќе биде поправен и тротоарот на потегот од крстосницата на влезот во Кочани до спојот со улицата „Скопска“.

Овој дел од „Четврта македонска бригада“ има сериозни оштетувања кои го отежнуваа сообраќајот на угорницата кон населбата Текешински Лозја.

За реконструкција се подготвува и улицата „Плачковица“. Изминативе две седмици таму се врши замена на водоводната мрежа. Новата линија од денеска е приклучена на главниот систем, а од утре КЈП „Водовод“ ќе почне со приклучување на индивидуалните корисници.

Според Програмата за уредување на градежното земјиште за 2020 година за реконструкција се планирани и два крака на улицата „Маршал Тито“ (крак 1 – 90 м икрак 2 – 130 м), „Илинденска“ (250 м), „Коста Рацин“ (220 м) и „9 Мај“ (570 м).

До крајот на годинава ќе се реконструираат и улиците „Раде Кратовче“ на потегот од плоштадот до Бавчалукот и „Гошо Викентиев“ (кај Колор).

Сподели: