Почнуваат работите за осветлување на селата Горни Подлог, Долни Подлог и Мојанци

Денеска градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев и изведувачот„Електрика“ го потпишаа договорот за проектот за јавно осветлување на населените места Горни Подлог, Долни Подлог и Мојанци, што се реализира со средства во износ од 60 илјади швајцарски франци обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка.

На неодамна рехабилитираната делница од Кочани до Мојанци, како и на влезот населото Долни Подлог ќе бидат поставени вкупно 61 челичен столб со светлосна арматура и подземен вод на каблите со што ќе се осветли пат во должина од 2100 м.

– Светилките ќе бидат со максимално оптоварување до 80 вати и со ефикасност од 60до 66 % заштеда. Рокот за изведба на работите е 2 месеца. Очекуваме тоа што ќе го направиме да биде поздравено од граѓанството, затоа што и досега сме работеле со тој тип производи кои се со висок квалитет по европски стандарди – соопшти ЈоцоЈованов, од „Електрика“, избран изведувач на проектот.

– Со Швајцарската агенција за развој и соработка досега реализиравме неколку проекти кои се од витално значење за граѓаните од овој дел на Македонија, а посебноза нашата општина и без таа поддршка нивната реализација ќе беше невозможна,посебно на Пречистителната станица за отпадни води. Со овој проект успеавме даповрземе уште два други, рехабилитацијата на патот Кочани – Подлог – Мојанци и овој, за јавно осветлување на трите населени места Горни Подлог, Долни Подлог и Мојанци. Тоа значи дека овие села ќе имаат осветлен пат што многу ќе значи занивниот живот и ќе биде пример како треба да одговараме на инфраструктурните потреби во населените места, бидејќи само со една ваква стратегија можеме да јаоствариме нашата долгорочна цел – пристоен живот и во централното градско подрачјеи во населените места – изјави Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Работите на терен почнуваат со потпишувањето на договорот и воведувањето наизведувачот во работа.

Сподели: