Почнува пролетниот дел од првенството во ВМФЛ – Исток, „Осогово“ домаќин на „Каменица Саса“

 Утре, сабота, 27 февруари  стартуваат натпреварите од пролетниот дел од првенството во Втората Македонска фудбалска лига – Исток.

На распоредот во 17-тото коло од првенството се неколку интересни дуели. ГФК „Осогово“ на домашен терен ја пречекува екипата на „Каменица Саса“. Регионалното дерби е закажано со почеток од 14:00 ч.  

Избраниците на стратегот Трајче Сенев ќе имаат тешка задача против тимот на каменичани. Средбата во Кочани ќе биде одлична можност за фудбалерите на двата тима да покажат како се подготвиле за време на зимската пауза.

На дуели од 17-тото коло во ВМФЛ- Исток ќе се сретнат:

„Слога 1934“ – „Кит Го“

„Брегалница“ – „Победа“

„Тиквеш“ – „Росоман“

„Кожуф“ – „Плачковица“

И. Матеничарски

Сподели: