По најавите за смена од функцијата, ЗГ „За здрав живот“ – Кочани искажа јавна поддршка за директорката на ДИЖС, Ана Петровска

Соопштение од Здружението на граѓани „За здрав живот“ – Кочани

„Почитувани сограѓани!!!

Некој помалку, некој повеќе има слушнато за директорката на Државен инспекторијат за животна средина Ана Петровска.

Госпоѓата Ана Петровска е од големо значење за нашиот град. Многу информации ги немаме споделено со неа поради чувствителноста на ситуацијата во даден момент околу загадувањето на Кочани.

Госпоѓата Ана Петровска во дадени моменти, кога беше најпотребно, лично без најава доаѓаше секој ден и навечер во Кочани и надвор од нејзиното работно време се со цел да направи увид и го спречи загадувањето на град Кочани.

Таа самата беше иницијатор за земање мостри за испитување на водата и почвата во Кочани.

Госпоѓата Ана Петровска самоиницијативно, постојано не контактираше како нас така и останатите граѓани на Кочани се со цел да има поголема претстава за состојбата за да може да реагира.

Благодарение на Ана Петровска Кочанчани денес дишат почист воздух. Таа е единствената личност која им се спротивстави на „Пајпер Мил“. Верувајте, без нејзината заложба и реакција немаше да има никаков филтер а со тоа и никакви подобрувања на воздухот во Кочани.

Таа е иницијатор на многу законски промени во поглед на екологијата.

Поради сите нејзини заложби за чиста околина и здрав живот таа е трн во окото на олигарсите и непочитувачите на законите  кои сега сакаат да ја сменат од функцијата за да продолжи загадувањето и труењето на народот.

Затоа ние сега Кочанчани ако си го сакаме градот а и самите себе, треба да й се одолжиме и ја подржиме за да не биде сменета од нејзината позиција се со цел да ги продолжи реформите за почист воздух и чиста животна средина.

Потребно е да се организираме и излеземе на протест под мотото „СТОП  ЗА  ПРОМЕНА  ОД  ФУНКЦИЈАТА  НА  АНА  ПЕТРОВСКА“

ЗГ „За здрав живот во Кочани“

Сподели: