По пад од мотор завршил во болница

Маж од Кочани тешко повреден, откако се превртел од мотоцикл и бил пренесен во болница.

„На ден 16.05.2020 во ОВР Кочани било пријавено дека околу 19.05 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Кочани, мотоцикл „хонда 450“, без регистарски ознаки, управуван од И.М.(52) од Кочани се превртел на коловозот“ велат од полиција.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кочани, каде бил пренесен за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Кочани. 

Извор: Дневен билтен МВР

Сподели: