По пад од покрив загина 63 годишен кочанец

Вчера, во 14.05 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека Ј. А. (63) од Кочани, при изведување градежни работи на покривот од семејната куќа на улицата Ѓорче Петров во Кочани, паднал и починал.

Лекар од итната медицинска помош во Кочани констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото било предадено на семејството. Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Кочани, информира МВР.

Сподели: