По повод христијанскиот празник Богојавление – Водици, утре 19 јануари (недела) со почеток од 10:30 ч. на мостот во центарот на Зрновци ќе биде потопен крстот и осветени водите на река Зрновка.
Претходно, во храмот „Св. Димитирј“ од 8:00 ч. ќе биде отслужена Света Божествена литургија од страна на парохискиот свештеник, отец Лазар Коцев.