Во пресрет на одбележување на Денот на пожарникарството во Република Македонија, 20 Мај, Територијалната противпожарна единица – Кочани, во соработка со компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ и Општинската организација на Црвен крст – Кочани реализираа тактичко-показна вежба за симулација на пожар во објектот на „Амфенол“.
На симулациската вежба според замисленото сценарио се интервенираше на запалена хала од објектот на „Амфенол“ каде по прехтодно утврден план се пристапи кон евакуација на вработените. Пожарникарите интервенриаа во извлекување на повредени лица и гаснење на пожарот, додека волонтери од Црвен крст – Кочани укажуваа прва помош на симулирани случаи на повреди.
– Денеска изведовме тактичко-показна вежба со симулација на запален оган во затворен објект. Во објектот имаше и повредени лица со изгореници на телото, кои успешно ги пронајдовме, истите беа успешно евакуирани и предадени на лицата од Црвениот крст, за понатамошно укажување на прва помош. После тоа пристапивме кон гасење на пожарот и целосно локализирање во затворениот простор. Бев известен од стручното лице за заштита и безбедност при природни непогоди. Прии самата сигнализација вработените успешно беа евакуирани според нивниот план за евакуација и беа сместени на местата кои се обележани за евакуација, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.
Симлуациската вежба е увертира на утрешното одбележување на Денот на пожарникарството во Република Македонија.
– Досега имавме одлична соработка со Противпожарната единица се надевам и во иднина и успешно ќе успееме да ги надминеме сите пречки кои ќе се јават пред нас. Воедно, сакам да им го чеситатам Денот на пожарникарите и да им посакам помалку работа но сепак по ефикасна. Ние како „Амфенол“ секогаш ќе стоиме на располагање за било каква поддршка во иднина. Оваа показно-тактичка вежба беше доказ за нашата успешна соработка и нашата поддршка што ја имаат. Им посакувам успешен период кој следи, истакна Сашко Наков, генерален директор на „Амфенол“
Вежбата на крајот беше оценета како успешна, при што од „Амфенол“ се заблагодарија на ТППЕ – Кочани и Црвен крст Кочани за поддршката во реализацијата на симулацијата. Од „Амфенол“ во иднина најавија нови активности во делот на превенцијата и заштитата на вработените во компанијата.