По повод Месецот на книгата – промоции и Саем на книгата во „Искра“

ЈОУ Библиотека „Искра“ и годинава го организира традиционалниот  Саем на книгата во рамки на одбележување на месецот на книгата 2022 год.

Свеченото отворање на Саемот е предвидено за в понеделник 7 ноември, во 12 ч., а ќе трае до 12 ноември, секој ден од 10 до 18 ч.

Со состав на Саемот  ќе се одржат и промоции на 9 ноември со почеток од 13 ч. „Идентитетот е приказна“ – објавена по повод 70 години од раѓањето на големиот драмски автор и есеист Горан Стефановски“, автор Иван Антоновски и промотор на делото Д-р Весна Мојсова – Чепишиевска.

На 10 ноември,  со почеток од 13 ч. ќе бидат промовирани делата „Јавачот“ и „Судбини“, автор Бранка Цветкова и промотор проф. Иван Котев.

Сподели: