По повод 7 Април, Светскиот ден на здравјето, локалната самоуправа на Општина Зрновци со поддршка на Локалниот младински совет и Општинската организација на Црвен крст – Кочани ја спроведе планираната крводарителска акција наменета за грѓанството.

Во просториите на општинската зграда, на крводарителската акција се собраа 18 крвни единици. Меѓу крводарителите на денешната акција крв даруваа тројца првократни крводарители и десет дарители до 30 години, информираа од Црвениот крст.

Крводарителската акција е прва за 2022 година што се спроведува во општина Зрновци, а во текот на календарската година се планираат уште две.
Акцијата се спроведе со поддршка на Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.
И. Матеничарски

