По повод 149-годишнината од раѓањето – свежо цвеќе на бистата на Делчев во Горни Подлог

По повод 149-годишнината од раѓањето на македонскиот национален херој, организатор и водач на македонското револуционерно движење – Гоце Делчев, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев денеска положи свежо цвеќе на бистата во училишниот двор во селото Горни Подлог.

Илијев со учениците, наставниот и раководниот тим од Подрачното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Горни Подлог оддаде почит кон идеологот на македонската револуција на крајот на XIX  и на почетокот на XX век.

Гоцевата мисла: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ останува да сведочи за неговото визионерство пред повеќе од едно столетие.

Бистата на Гоце Делчев во дворот на училиштето е поставена на 4 мај 1984 година. Училиштето кое функционираше како централно основно до 2005 година го носеше неговото име.  

Сподели: