Кавадаречкиот маратонец, доктор по спортска медицина Бошко Илиев кој е познат по тоа што ги препливал најголем дел од македонските природни и вештачки езера, утре по повод 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кочани повеќепати пливајќи ќе го обиколи вештачкото езеро Гратче.
Пливачкиот маратон на Илиев е во организација на Општина Кочани во соработка со Здружението „Кочански рибар“. Настанот ќе почне во 11:30 ч. кај Стариот мотел, а завршницата се најавува за во 13 ч. кај Новиот мотел.
Пливачкиот подвиг на Илиев ќе биде 94 маратон за него, а неговата цел е да ги исплива сите природни и вештачки акумулации во Македонија. Илиев, сам или во трки учествувал на 71 меѓународен и 22 домашни маратони.
И. Матеничарски