По повод 80 години од ослободувањето на Кочани – доделени највисоките општински награди

По повод 7-ми Септември денот на ослободувањето на Кочани, денеска во Мултикултурниот центар се одржа Свечената седница на Советот на Општина Кочани.

На одржаната свечена седница градоначалникот Љупчо Папазов во своето обраќање ги истакна постигнувањата на Општината во изминатиот период и беа доделени највисоките општински награди.

Наградата за животно дело, според одлуката на одборот за доделување награди на Општина Кочани му се додели на Јордан Георгиев, чии достигнувања и реалаизирани проекти за афирмација на спортот се големи. Наградата на Општина Кочани за значајни остварувања за развојот на Општина Кочани ја доби Литературниот клуб „Копнеж“ при ЈОУ Библиотека „Иксра“, којшто оваа година одбележува 60 години од неговото активно и културно делување и преставува еден од столбовите на културното работење, негување и афирмирање на општината.

Програмата на денешната свечена седница беше збогатена и со музички точки на ученици и наставници од ОМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани.

Сподели: