По расправија за девојка 18 годишник со остар предмет нападнал и повредил малолетник

На 23.08.2023 околу 19.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Н.Г.(18) од Кочани.

Тој се сомничи дека околу 14.40 часот во својот дом со остар предмет нападнал и повредил 15-годишник од Кочани, а според неговото кажување, тоа го направил поради расправија за девојка.

Малолетникот бил пренесен во Општа болница Кочани каде му била укажана лекарска помош. Н.Г. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели: