По реакцијата на нападнатите градежни инспектори МВР го дополни Дневниот билтен за настанот на „Стамен Манов“

На 24.12.2020 во Полициската станица Кочани, В.Ј.(42), А.П.(28) и Љ.С.(58) сите од Кочани, пријавиле дека околу 14.00 часот додека биле на работа и извршувале службени задачи, контрола на градба на градежни објекти на ул.,,Стамен Манов“ во Кочани, од страна на сопственикот на градбата, Б.Р.(36) од Кочани, биле спречени во вршењето на службените дејствија и им биле упатувани закани. Се работи на комплетирање на случајот по што против Б.Р. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

ИЗВОР: Дневен билтен СВР Штип

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial