По неколкуте реакции на жителите на улицата „Коста Рацин“, утринава служби на КЈП„Водовод“ Кочани го бетонираа оштетениот дел на улицата, која повеќе од еден месец стоеше раскопана по извршената санација на проблем со водоводната мрежа.
Од општинските служби за интернет-порталот „Гласно“ информираат дека улицата „Коста Рацин“ е влезена во Програмата за уредување на градежното земјиште за 2020 година и истата ќе биде реконструирана во должина од 220м. Реконструкцијата како што велат, доцни поради технички проблеми на изведувачот. Поради притисок од граѓаните оштетениот дел од улицата привемено е бетониран, се до негово целосно асфалтирање.
Инаку, жителите на улицата „Коста Рацин“ периодов на социјалните мрежи и локални медиуми остро реагираа и неколкупати упатија барање до надлежните да го санираат прекопаниот дел кој им го попречуваше нормалното движење по улицата.
И.Матеничарски
Фото:А.Арсов