По единаесети пат учениците и професорите од кочанската гимназија ги одмерија силите на ревијалниот кошаркарски натпревар, чиј носител беше Младинската организација „Единство“ при СОУ „ Љупчо Сантов“.
За првпат учениците и професорите во мешани екипи на „црвени“ и „бели“, одиграа неизвесен натпревар, во кој на крајот со пресврт поуспешна беше „црвената“ екипа со резултат 65:59.
Покрај натпреварот, за време на паузите со музичка точкa се претставија Теа Стојановска и Христијан Стоимилов, Љупка Јорданова и Ана Ѓоргиевска, Јован Стојанов како и професорот по хемија Драги Јакимов. За целосно уживање на публикaта ритмички перформанс изведоа и членовите Urban crew Stip и DJ Fave.
Од М.О „Единство“ се заблагодарија на сите учесници на натпреварот, како и на публиката за посетеноста на овој традиционален предновогодишен настан.
И.Матеничарски