По 24. пат отворена манифестацијата „Денови на медот“

Во Кочани по 24. пат е отворена дводневната манифестација „Денови на медот“, чиј организатор е локалното пчеларско здружение „Матица“.

На платото во Трговскиот центар во Кочани на десетина штандови, своите производи ги претставуваат пчелари од различни краишта на државава, при што граѓаните може да вкусат и  купат од големиот избор на мед и останати плечни производи. Покрај мед и пчелни производи, на посетителите на саемот им се нудат и пчеларски алати и опрема.

-Приносите на мед од година во година варираат. Секоја година се соочуваме со глобална климатска промена при што имаме појава на доцни мразеви кои влијаат на растенијата, на овошките и цветовите и со самото тоа е намален приносот на мед. Годинава приносот е подобар во споредба со ланската година, но е под очекуваниот просек кој е задоволителен за нормален опстанок и развој на плечарството, истакна Борчо Атанасов, секретар на Пчеларското здружение „Матица“ од Кочани

Манифестацијата „Денови на медот“ има за цел афирмaција на пчеларството во Кочани. Од Здружението „Матица“ додадоа дека нивната цел е преку вакви настани  луѓето да стекнат навика за користење на пчелните производи, бидејки медот е природен производ, еколошки и еден од најздравите продукти што ни ги дава природата.

И. Матеничарски

А. Арсов

Сподели: