Православните верници го слават Велики Петок

Православните христијани денеска го одбележуваат Велики Петок, кој освен Велипеток уште се нарекува  и Распет Петок, денот на најстрогиот пост.

Во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ од утрово верници се поклонуваат пред Светата Плаштаница и палат свеќа за здравје и благосостојба.

Еден позади друг, со маски и држење на дистанца верниците со почитување на сите протоколи за заштита од Ковид – 19 и оваа година како и лани, го слават  Велики Петок.

Празнувањето на Велики Петок во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ започна утрово со читање на Царските часови и изнесување на поклонение на Светата Плаштаница, а ќе продолжи со вечерно читање на Светите статии.

За утре, во христијанството позната како Велика Сабота, од храмот „Св. Вмч Георгиј“ соопштија дека со почеток од 23:30 ч. со биење на камбаните и традиционално, во народот познато како  кружење околу храмот , точно на полноќ пред верниците во дворот на храмот ќе биде објавено Воскресението Христово – Велигден.

И. Матеничарски

Сподели: