Православните христијани денеска го одбележуваат Велики Петок, кој освен Велипеток уште се нарекува и Распет Петок, денот на најстрогиот пост.
Во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ од утрово верници се поклонуваат пред Светата Плаштаница и палат свеќа за здравје и благосостојба.
Празнувањето на Велики Петок во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ започна утрово со читање на Царските часови и изнесување на поклонение на Светата Плаштаница, а ќе продолжи со вечерно читање на Светите статии.
За утре, во христијанството позната како Велика Сабота, од храмот „Св. Вмч Георгиј“ соопштија дека со почеток од 23:30 ч. со биење на камбаните и традиционално, во народот познато како кружење околу храмот , точно на полноќ пред верниците во дворот на храмот ќе биде објавено Воскресението Христово – Велигден.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов