Залуден беше трудот на активистите од граѓанското здружение „Green“ за организирање на хуманитарен настан, на кој требаше да бидат поделени ранци и училишен прибор за учениците од социјално ранливи категории од градот.
Од здружението „Green“ информираа дека испратиле официјална покана до две основни училишта од Кочани за да им обезбедат ученици на кои ќе им биде поделен училишниот прибор , но очигледно комуникацијата негде затаила, па поради ова помошната сала во Центарот за култура „Бели мугри’ оваа вечер остана празна.
Членовите на граѓанското здружение на настанот планираа да спроведат и едукативно еко предавање за присутните дечиња, заради подигање на еколошката свест кај нив. Ранците и приборот се обезбедени од иселеникот Влатко Ужевски, преку невладината организација “Hope” од Германија.
Денешниот настан остави лоша слика, особено што истиот имаше за цел да се помогне на деца на кои овој прибор ќе им беше од корист.
И.Матеничарски