Граѓаните на Кочани го минуваат третиот ден од 85 – часовниот велигденски карантин, како една од мерките против ширењето на коронавирусот во државата.
Мирно и без нарушување на полицискиот час, е сликата која ви ја пренесуваме од денешната обиколка на улиците во Кочани.
Полицијата на неколку пункта и со патролни екипи, на висина на задачата ја спроведува мерката за забрана за движење. Единствено на улиците можеа да се забележат возила со посебна дозвола, кои по извршената контрола од полициските службеници, продолжуваа со своето движење.
Генералната оценка е дека жителите на Кочани го почитуваат полицискиот час. Со ова тие покажаа висока свест и одговорност за ситуацијата во која се наоѓаме и на овој голем ден Велигден останаа во своите домови.
И.Матеничарски
ФОТО: А. Арсов