Актуелниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков официјално е промовиран за кандидат за пратеник од Општинскиот комитет на партијата од Кочани во пресрет на парламентарните избори во Македонија.
Лефков се најде на седмата позиција на пратеничката листа во Изборната единица 3 чиј носител е пратеникот Драган Ковачки. ВМРО-ДПМНЕ вечерва на седница на Централниот комитет на партијата ги утврди и соопшти кандидатските листите во шесте изборни.
Миле Лефков е дипломиран правник, актуелен пратеник и член на повеќе собраниски комисии. Пред да биде кандидиран за првиот пратенички мандат, Лефков ја извршуваше партиската функција претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани.
Лефков своевремено беше в.д директор на кочанската гимназија каде што е и вработен како професор.
И. Матеничарски