Во третиот контролен меч на Градскиот стадион „Никола Мантов“, ГФК „Осогово“ ја оствари првата победа откако славеше над „Академија Пандев“ У 21 тимот со 2-1 (1-1).
„Жолто сините“ до предност од 1-0 дојдоа со голот на Димовски во 43. минута за 1-0, но во судиското продолжени од првиот дел гостите по корнер дојдоа до 1-1.
Во вториот дел Здравевски во 60. минута стрелаше за 2-1 што на крај се покажа и како конечен резултат.
За потсетување, во првите два дуели во контролниот период, ГФК „Осогово“ одигра реми од 2-2 против „Каменица Саса“ и пораз од „Кожуф“ со 3-1.
Мечот нашиот тим го започна во следниот состав: Атанасовски, Ангеловски, Крклински, Дончев, Ричков, Димовски, Коцев, Михаилов, Паунов, Трајновски, Недановски
Во вториот дел влегоа: Здравевски, Донев, Горгиев, Стоиловски, Соколов, Стојанов, Гаврилов, Тренчев, Манов, Ивановски