Првите луѓе на Крањ во посета на Кочани

Денеска градоначалникот на Општина Крањ, Република Словенија Матјаж Раковец и заменик-градоначалникот Јанез Черне беа во посета на Општина Кочани.

Најнапред во општинската зграда остварија средба со градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, којшто ја претстави нашата општина со сите нејзини знаменитости, природни и културни богатства.

Во склоп на денешната посета, делегацијата од Р. Словенија беше во посета на кочански локални фирми, со цел запознавање со работата на бизнис секторот во општината. Посета беше извршена и на Пречистителната станица за отпадни води во с. Мојанци, Геотермалниот систем – Геотерма и туристичкиот комплкес Пониква.

Градоначаникот на Општина Кочани изрази надеж за понатамошна меѓусебна соработка во повеќе сфери кои ќе бидат од важност за граѓаните на Општините Кочани и Крањ.

Општина Крањ е долгогодишен збратимен град на Општина Кочани.

Сподели: