Прво клупско искачување на планинарите на ПСК „Осогово“ на врвот „Сива Кобила“

Планинари од ПСК „Осогово“ Кочани во неделата го искачија врвот  „Сива Кобила“  (1.642 м.н.в) на Осоговските планини, што воедно беше и прво клупско искачување  на овој врв на Осоговијата.

Маршот започна од селото Косевица (Македонска Каменица) на патека долга 6км. во еден правец, по селски, земјен пат кој планинарите го поминаа за два и пол часа.

Врвот „Сива Кобила“  се наоѓа во областа на селото Косевица на Осоговските планини, од кој се гледаат повеќе градови во Р.Бугарија, планината Рила и Пирин, како и Калиманското езеро.

Маршот беше од лесен рекреативен карактер наменет за сите љубители на природата.

И. Матеничарски

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial