Согласно Договорот за ларвицидно третирање на комарци, в среда, на 31 март 2021 година ќе се спроведе првото ларвицидно третирање на комарци.
Третирањето ќе се изврши по течението на Кочанска Река од градот кон браната Гратче, потоа низводно од градот и на локации со застојани води, на вкупна површина од 6 хектари.
Третманот против комарци ќе се изврши со широкопојасен инсектицид, одобрен од Бирото за лекови, а се реализира со средства од Буџетот на Општина Кочани.