Прво место за Макарија Иванова на VII интернационален пијано натпревар Смедерево

Пијанистката Макарија Иванова од Кочани, ученик во ООМУ„Ристо Јуруков“ ја освои првата награда на VII интернационален пијано натпревар.

Натпреварот требаше да биде одржан во Смедерево Р.Србија, но поради состојбата со коронавирусот истиот се спроведе онлајн.  Иванова се натпреваруваше во конкуренција на пијанисти од Кина, Латвија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Макарија Иванова е ученик во класата на наст. Марија Лазарова и Маријан Стоименов при ООМУ„Ристо Јуруков“ Кочани.

И.Матеничарски

Сподели: