Прво место за учениците на ООУ ,,Никола Карев” на Државното првенство во роботика

Прво место во категоријата Основни вредности освоија учениците од ООУ,,Никола Карев”- Кочани на Државното првенство во роботика.

Од училиштето соопштија дека:

– Денес се одржа Државното првенство по Роботика во ,,Diamond mall-Скопје” и екипата ООУ ,,Никола Карев”- Кочани го освои првото место во категорија ,,Основни вредонсти”. Со ова докажуваме дека како училиште ја следиме напредната технологија  и дека нашите учениции имаат одлични услови за работа во нашето училиште.

На Државниот натпревар во роботка учествуваа училишта од цела Македонија.

Сподели: