ВИДЕО: Прв кавер на Вики и КГБ Бенд – „Додирни ми колена“ од „Зана“

Талентирани музичари Вики и КГБ бенд, вокал Викторија Захариева, гитара и бас гитара, Ангел Арсов и Александар Русески и тапани Андреј Николов на 30 јануари ја промовираа својата прва преработка, кавер верзија на нумерата „Додирни ми колена“ од рок/поп групата „Зана“.

Ова е нивен прв кавер  на популарна музика. Вики и КГБ Бенд се релативно нови на македонската музичка сцена, а често можеме да ги слушеме во кафулиња во Скопје, Штип и Кочани..

Каверот е снимен во „Devil’s Eye Studio“, а аранжманот е на музичарот Јордан Манов.

Сподели: