Денеска (05.06.) полициски службеници од Полициската станица Кочани заедно со припадници од Полициското одделение за БПС во основното општинско училиште “Mалина Попиванова“ во Кочани за учениците од прво и второ одделение реализираа едукативно предавање од областа на сообраќајот.
Во рамките на предавањето полициските службеници ги запознаа децата со базичните сообраќајни правила и прописи, со практични поуки како да се однесуваат како учесници во сообраќајот, односно пешаци, но и кога возат велосипед или тротинет.
Исто така, им беше објаснето значењето и важноста на хоризонталната и светлосната сигнализација, како и за задачите и обврските на еден униформиран полициски службеник- сообраќаец, а воедно на децата им беше презентирана и дел од опремата со која располага полицијата.