Превентивни активности на ОВР-Кочани

Денеска (25.12.) во општинските основни училишта „Малина Поп Иванова“ и „Раде Кратовче“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани одржаа едукативно предавање на тема: „Петарди не – безбедност пред се“, а во врска со користењето на пиротехнички средства од страна на децата.
На предавањето беа презентирани низа факти, особено за ризиците од употребата на пиротехнички средства по здравјето на учениците, во поглед на повреди настанати на екстремитетите, на главата, односно пред се рацете и очите, како и други видови повреди кои можат да остават трајни последици. Покрај ова, учениците беа информирани и со законските одредби околу незаконското набавување, продажба и употреба на пиротехнички средства на јавни места. На учениците, дополнително, им беа поделени и летоци со информативни содржини.


Покрај ова, од страна на полициски службеници од ОВР Кочани во Кочани беше спроведено превентивна активност на тема – „Вози одговорно, патувај безбедно“ се со цел подигање на свеста кај граѓаните за последиците кои може да настанат со непочитување на сообраќајните правила и прописи.


Сподели: