Полициски службеници од ПСОН Кочани денеска (27.02.) на локации околу градскиот пазар во Кочани реализираа превентивна кампања – „Заштити се од џепни кражби“.

Притоа, покрај тоа што на граѓаните им беа делени летоци со едукативна соодржина од областа на имотните деликти, од страна на полициските службеници им беа давани и корисни совети за заштита од кривичните дела како што се разбојништвата, дрските кражби, кражбите, измамите и други.

На граѓаните особено им беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата со брзо и точно пријавување на бесплатниот број 112 за навремена реакција и преземање на мерки од страна на полицијата.
