Превентивни здравствени прегледи по повод Светскиот ден за борба против мозочен удар

Здружението на невролози на Репубика Македонија во пресрет на 29 Октомври, Светскиот ден на борба против мозочниот удар спроведе бесплатни здравствено – превентивни прегледи на населението во Кочани.

На медицинскиот пункт во кругот на Општата болница со проширена дејност – Кочани на заинтересираните граѓани им беше мерен крвниот притисок и гликемијата во крвта кои се најголеми ризик фактори за настанување на состојба на мозочен удар.

Како што беше истакнато најголем ризик за мозочен удар имаат лицата со висок крвен притисок, срцева болест, шеќерна болест, а како ризик фактори е јавуваат и пушењето цигари, високиот холестерол, физичката неактивност, нездравата исхрана и стресот.

На пунктот беа прегледани 78 граѓани на кои им беа поделени флаери и совети за превенција од мозочен удар.

Раното откривање на симптомите од кои настанува мозочниот удар доведуваат до негово спречување во појавување и поголема ефикасност во третманот на состојбата, додадоа лекарите.

Лекарските прегледи ги спроведуваа, Д-р Кристина Серафимова и Д-р Маја Шоповска Китанова, со поддршка на екипа од Невролошкиот тим на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани.

И. Матеничарски

Сподели: