Согласно препораките кои произлегоа од вчерашниот состанок на кризниот штаб во општина Виница, дел од најавените мерки за превенција од Корона вирусот се спроведоа вчера во вечерните часови.
Екипи на ЈКП “Солидарност“ и на Територијалната Противпожарна Единица извршија дезинфекција со растворен хлор на најфреквентните улици и локации во градот, како и на контејнерите.
Синоќа се дезинфицирани улиците: “Браќа Миладинови“; “Моша Пијаде“; дел од ул. ИЛинденска“; ул. “Маршал Тито“; “Борис Кидрич“; Градскиот пазар и Автобуската Станица. . Дезинфекцијата продолжува и денес, а според најавите од директорот на ЈКП “Солидарност“ , Александар Трајков, градскиот пазар, како и останатите збирни локации во градот, ќе бидат дезинфицирани почесто.
Покрај улиците, паралелно се врши и дезинфекцијата на сите јавни институции во општината.