Прегазен пешак во Кочани

Седумнаесет годишен пешак од Кочани се здобил со тешки телесни повреди, откако на него налетало Ауди Q7 со бугарски национални ознаки управувано од Б.Ц (28) од Кочани.

Несреќата се случила вчеравечер околу 20:50 минути на улицата „Тодосија Паунов“.Поради сериозноста на повредите лицето е пренесно на лекување во Општа Болница Кочани.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани која работи на расчистување на причините за несреќата.

Извор: Дневен билтен МВР

Сподели: